Ќе се даваат во закуп 2371 ха државно земјоделско земјиште

Bez autora
Jun 16 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Гевгелија, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Крушево, Кичево, Кратово, Чаир, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Охрид, за вкупна површина од над 2371ха. Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој оглас во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е: подигање на маслинарници за период до 50 години; подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години; спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години; рибници за период до 20 години; одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години; ливади за период до 15 години.

Ќе се даваат во закуп 2371 ха државно земјоделско земјиштеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Гевгелија, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Крушево, Кичево, Кратово, Чаир, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Охрид, за вкупна површина од над 2371ха.

Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој оглас во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е:
- подигање на маслинарници за период до 50 години;
- подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;
- спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години;
- рибници за период до 20 години;
- одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години;
- ливади за период до 15 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да  аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации.

Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина.

Понудите по овој јавен оглас заинтересираните треба да го достават до Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на објавувањето на истиот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik